На 3.јуни.2010 Ричард Сталман гостува во Скопје и ќе го одржи предавањето насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks“.

Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи, и само драконски казни можат да го спроведат.

Глобалните корпорации кои профитираат од авторските права лобираат за драконски казни, и за зголемување на нивната моќ и потиснување на јавниот пристап до технологијата. Но ако сериозно сакаме да ја почитуваме единствената легитимна цел на авторските права, а тоа е да се промовира напредокот, тогаш за доброто на јавноста мораме да направиме промени во спротивната насока.

Ричард Сталман

Ричард Сталман

Ричард Сталман е основоположник на движењето за слободен софтвер и проектот GNU. Кариерата ја започнува на познатиот технолошки универзитет во Масачусетс (MIT), во лабораторијата за вештачка интелегенција. Во времето кога воопшто не ни постоела софтверска индустрија, неговите програми биле нашироко употребувани ширум универзитетите во САД, а поради неговата вештина и способност се здобива со голема почит кај колегите.

Пред налетот на се поригорозниот режим на авторски права (анг: Copyright), кој почнал да ја нагризува заедницата на програмери на која тој ѝ припаѓал, го формулира концептот на Copyleft (игра на зборови – Copyright свртен наопаку).

Официјална страница за настанот: http://slobodensoftver.org.mk/rms/



Comments are closed.